26 August 2026
„Фолтин“ - 30 години македонски пркос на сите жанрови, граници и дефиниции
SBS Macedonian - СБС Македонски
About
Пред точно 30 години тргнаа од битолска Хераклеа. Станаа македонски културен феномен што создаде чудесен музички универзум. Ја однесоа својата уникатна музичко-сценска приказна од Битола до Париз, Лондон и Берлин, преку Љубљана, Загреб и Белград, до Гент, Истанбул, Бејрут и Москва, па се до Лос Анџелес на "Оскарите". После 30 години, повторно се враќаат во Хераклеа.