Skip to content
Opens in a new window
С3 Е6: Што бара доктор што има еден час, а не десет минути
30 September 2026

С3 Е6: Што бара доктор што има еден час, а не десет минути

Под површината со д-р Марија

About

„Како спиете?"

Жената застанува. Дошла поради умор, поради килограми, поради циклус што станал нередовен, а докторката ја прашува за спиење. Потоа за работа. Потоа за тоа што се случувало дома таа година.

И тогаш доаѓа реченицата што нашата гостинка ја слушала стотици пати: „Ама зошто ме прашувате вака?"

Во оваа епизода одговараме токму на тоа прашање.Три жени можат да дојдат со ист симптом - со умор што не поминува. Кај првата причината е тироидната. Кај втората железо и лош сон. Кај третата шеќерот. Ист симптом, три различни причини - и тоа е сè што треба да се знае за да се разбере зошто некои прашања не се непотребни.


Гостинка е д-р Клаудија Димеска, лекарка во тимот на Бекамедика. Зборуваме за тоа како еден наод може да биде „уреден", а човекот да не биде добро. Што значи да се бара причина, а не само да се смири симптом.

Каде се границите - што не спаѓа тука и кога се оди право на преглед. И како воопшто работи доктор преку екран.


Ако сте жена на која ѝ кажале дека сè ѝ е во ред, а таа знае дека не е - оваа епизода е за вас.


📋 Доколку сметате дека се соочувате со некој проблем, а анализите покажуваат параметри во референтни граници - можеби нешто не останало доиспитано.


📲 Пишете ни на Instagram, читаме сè: https://www.instagram.com/bekamedika


🤝 Спонзор на сезоната: ВИТАМИНИ.МК - чудесна моќ на природата. https://vitamini.mk/


ℹ️ Содржината е информативна и не заменува преглед кај лекар. Терапијата ја одредува лекарот што ја препишал.