#комкаст - media and marketing podcast
#комкаст - media and marketing podcast

#комкаст - media and marketing podcast

Поткаст за маркетинг, нови медиуми, дигитална трансформација и дигитална култура. Поткастот е дел од блогот komunikacii.net, креиран во 2005 година. Зад блогот стојат Дарко Булдиоски, Сеад Џигал, Наталија Стефановска, Мите Кузевски а од пред некоја година и целиот тим на маркетинг агенцијата NewMediaMK.

#комкаст започна како аудио издание во 2011 година кое беше емитувано и на РадиоМОФ. Во својата историја полна со паузи го менуваше својот формат и своите домаќини, но секогаш остана верен на своите теми. Сите епизоди се достапни на https://komunikacii.net/category/komkast
Најава: Дигитална трансформација
22 November 2021
Најава: Дигитална трансформација

Пред неколку месеци со А1 Македонија започнавме убав муабет околу подкасти, локална понуда и сл. и после неколку (онлајн) состаноци и меилови... работите станаа поконкнретни. Се интензивираа работите и конечно денес ја имам честа да ја најавам новата сезона (иако напуштивме броење на сезони пред две години па затоа некаде може и ќе ја викам серија) на #комкаст.


Одлуката околу содржината беше прилично лесна. Дигитална трансформација. Долги години сме активен дел од неа, од повеќе страни а тоа е и тема со која А1 Македонија можеше многу лесно да се поврзе, ќе слушнете во некои од епизодите и зошто.


Тоа е, #комкаст, партнерски со А1 Македонија, 10 нови епизоди, скеој четврток. Од сега па до февруари 2022. Повеќе детали во најавата и прва епизода во четврток на твојата омилена аудио платформа, YouTube или тука на блог.