Кој високо лета, ниско паѓа I Балканска љубов #2 со Елена Џебр I 119
Како си? I Kako si?
„Кој високо лета, ниско паѓа.“
„Ко се хвали, сам се квари.“
„Наведната глава сабја не сече.“
„Молчењето е злато.“
„Преку леб бара погача.“
„Без мака нема наука.“
Сите сме пораснале со барем дел од овие поговорки. Во нив има мудрост, но што се случува кога ќе почнеме да ги применуваме како правила за секоја ситуација?
Во втората епизода на „Балканска љубов“ со Елена Џебр зборуваме за љубовта кон себе преку шест поговорки со кои сме растеле.
За разликата меѓу самодоверба и ароганција, зошто толку тешко примаме комплименти, кога молчењето навистина е злато, дали можеш да бидеш благодарен и сепак да сакаш повеќе, и зошто не мора секоја добра работа во животот да дојде преку мака.
На крај, можеби најважното прашање е: колку добро се познаваме себеси за да знаеме кога некоја народна мудрост ни помага, а кога нè кочи?
Содржина: (00:00) Интро (01:43) Како си? (03:55) Што научивме од првата „Балканска љубов“? (08:39) Љубовта кон себе на балкански начин (09:20) „Кој високо лета, ниско паѓа“ (19:02) „Ко се хвали, сам се квари“ (23:41) Зошто толку лесно се критикуваме? (28:13) Gifto.mk (28:44) Зошто тешко примаме комплимент? (29:44) „Наведната глава сабја не сече“ (35:51) „Молчењето е злато“ (43:32) Љубов кон себе или егоизам? (47:33) Дали грижата за себе е себична? (49:16) „Преку леб бара погача“ (49:29) Можеш ли да бидеш благодарен и да сакаш повеќе? (1:00:09) „Без мака нема наука“ (1:01:20) Зошто ни е тешко да се одмараме? (1:07:28) Мудрост или кочница? (1:10:15) Што е основата на љубовта кон себе
Продукција: ЛинкАкрос Видео Продукција Камера & аудио: Сашко Петровски Монтажа: Сашко Петровски Уредник: Сандра Митреска Водител: Ѓорги Георгиев
Содржината презентирана на овој поткаст е само за информативни цели. Ве молиме консултирајте се со соодветно стручно лице за било какви здравствени прашања, дијагноза или терапија. Ставовите и мислењата изразени во поткастот се личните ставови и мислења на водителот и на гостите.