
Светло што се одбива од чаши. Гласови, музика, движење. Зад шанкот - некој што не само што прави пијалоци, туку чита луѓе.
Во оваа епизода зборувам со Теодора Николиќ - барменка, државен шампион и некој кој барменството го гледа како комбинација од занает и психологија.
Ја прашав како е да се биде во професија која долго време се перцепираше како „машка”. Нејзиниот одговор покажа дека таа едноставно не размислува во такви категории. Зборуваме и за моментот кога победата на државното првенство како и учеството на светското првенство како нешто промени во неа - не само во кариерата, и за тоа дали навистина можеш да „прочиташ” човек според нарачката. За младалачката енергија нова во Скопје и порака да викаат Здраво и Чао!
На крајот на денот, барот не е само маса со чаши. Тука доаѓаме да се видиме, да испуштиме душа, да слушнеме добра песна или пак да направиме спомен што останува.