
Во четириесет и шестата епизода на Беседа ја истражуваме древната философија на Таоизмот* – учење кое ја подтикнува рамнотежата, спонтаноста и мистичната поврзаност со природниот ритам на животот. Почнуваме од прашањето „Што е Дао?“ како пат на „себеспуштање“, простота и дејствување без напрегнатост.
Во разговорот ги разгледуваме клучните концепти на даоистичката мисла: Ву веи (недејствување или дејствување без присила) и Зиран (природност, спонтаност). Примената е широка – од личен мир, преку комуникација, до однос со светот, каде мудроста не е резултат на надмудрување, туку на препуштање на природниот тек.
Посветуваме внимание на парадоксот на дејствување, подготвеност и спонтаност – како Таоизмот отвора простор за креативност, прифаќање и длабока радост што не зависи од исходите. Во надконцептуалната перспектива, Даоизмот е практикување присуство: слушање на некажаното, чувствување на невидливата хармонија која ги прекршува формалните граници на знаење.
Епизодата е проткаена со инспиративни цитати од Лао Це, микропракси за секојдневна рамнотежа, подтик за повеќе тишина, прецизност и нежност во односот кон себе и животот. Таоизмот така станува жива философија која ги учи слушателите да најдат длабока слобода и мир во кроткоста и едноставноста.
*: разликата во пишувањето името даоизам (со д / т) доаѓа од системите за препис и изказ на кинеските зборови. Постариот, наметнат од В. Британија, го запишува и чита со Т. Модерниот, создаден од самата Кина, го запишува и чита со Д, и според нив е поточен и треба да предничи при користење.
― ― ― ― ― ― ― ― ―
Менторска програма Беседа, за личен и заеднички раст и развој.
Контакт: beseda-beseda@proton.me
― ― ― ― ― ― ― ― ―
Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K
Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast
X: https://x.com/BesedaPodkast
Odysee: https://odysee.com/@beseda
Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816
YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast
Telegram: https://t.me/besedapodkast
RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss
― ― ― ― ― ― ― ― ―
НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.
―
На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.
Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.