Беседа - XLIX - Спонтани разговори 02
08 December 2025

Беседа - XLIX - Спонтани разговори 02

Беседа

About

Во четириесет и деветтата епизода на Беседа отвораме спонтана, но длабока дискусија за миграциите, цивилизациските разлики, историјата на моќта меѓу Западот и исламските империи, асабијата и нејзината улога во успешноста на народите и нациите, особено кај Македонците.

Разговараме за тоа што навистина бара човек кога оди „на Запад“ – само пари и комфор, или и правен поредок, стабилност, предвидливост, идентитет и смисла во средина што му е културно туѓа.

Навлегуваме во прашањето зошто различни цивилизации се развиле толку нерамномерно: кои комбинации од географија, институции, религија, трговија, насилство и идејни револуции создале таква диспропорција. Притоа се навраќаме на периодите кога европските земји биле под силно влијание, притисок или директна доминација на исламските сили и објаснуваме како, и покрај понижувањата и поразите, западните општества не западнале во траен очај, туку нашле начин да се ресоберат, да учат од поразот и да градат нови форми на отпор и институционална сила.

Епизодата тече како слободен разговор во кој ги поврзуваме историјата со денешната мигрантска криза, личните мотиви со големите структури, и прашањето за одговорност на домаќините со одговорноста на гостите. Наместо едноставни виновници, нудиме повеќеслојно гледање: што значи здрав патриотизам, каде почнува и завршува толеранцијата, потребата од интеграција и асимилација, и што би било потребно за различни цивилизациски кодови да коегзистираат без да се самоуништуваат.

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Менторска програма Беседа, за личен и заеднички раст и развој.

Контакт: beseda-beseda@proton.me

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K

Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast

X: https://x.com/BesedaPodkast

Odysee: https://odysee.com/@beseda

Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816

YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast

Telegram: https://t.me/besedapodkast

RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss

― ― ― ― ― ― ― ― ―

НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.

На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.

Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.