Беседа - XLIV - Memento mori
03 November 2025

Беседа - XLIV - Memento mori

Беседа

About

Во четириесет и четвртата епизода на Беседа го отвораме древниот подсетник „Memento Mori“ – свесноста за смртноста како основа и мотив за исполнет живот. Наместо да гледаме на смртта како на крај, ја третираме како подтик за длабока свест, мерка и избор, која му дава кобна вредност на секој момент.

Разгледуваме како бегството од смртта ја раѓа човечката анксиозност и поврзуваме како соочувањето со крајноста ослободува, поттикнувајќи присуство и автентичен живот. Во разговорот ја истражуваме вредноста на прифаќање на сопствената смрт и наоѓање мир во нашата минливост.

Филозофски и духовно, „Memento Mori“ е пат кон зрелост – да се живее храбро, без илузии и со срце полно од благодарност. Практичните совети и микропракси во епизодата понудуваат начини да ја внесеме оваа свест во секојдневието и да изградиме живот одликуван со природна медитативност, длабока мотивација и мир.

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Менторска програма Беседа, за личен и заеднички раст и развој.

Контакт: beseda-beseda@proton.me

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K

Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast

X: https://x.com/BesedaPodkast

Odysee: https://odysee.com/@beseda

Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816

YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast

Telegram: https://t.me/besedapodkast

RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss

― ― ― ― ― ― ― ― ―

НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.

На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.

Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.