
Во четириесет и втората епизода на Беседа ја обработуваме темата „Асабија: способност за заедничко постапување и(ли) народна вплотеност“, инспирирани од историскиот концепт на Ибн Халдун, а во поново време повторно популаризиран од историчарот Питер Турчин.
Тргнуваме од основната дефиниција – асабија како социјална кохезија, групна сплотеност и енергија што го овозможува заедничкото дејствување, креативно градење, и одпор и издржливост во криза.
Истражуваме како особината на народна сплотеност се раѓа, расте и опаѓа во различни форми на заедници. Одкриваме дека вплотеноста не е дадена, туку се одгледува преку доверба, споделени вредности, симболи и ритуали на служба, но исто така еродира со клиентелизам, луксуз, себевозљубеност на елитите, и губење на лично учество.
Посветуваме внимание на механизмите преку кои асабија се преобразува од племенска лојалност во граѓанска етика – каде јадрата на доверба, семејството, локалната заедница и примерите на интегритет го градат живиот поредок.
Епизодата кулминира со надконцептуална и духовна перспектива: особината на вплотеност порасната во љубов кон целината, каде заедничката сила не исклучува, туку создава ред, правда и слобода за поголемо добро. Ова е повик за практично градење на заедница што се потпира на служба, чест и жив дијалог.
― ― ― ― ― ― ― ― ―
Менторска програма Беседа, за личен и заеднички раст и развој.
Контакт: beseda-beseda@proton.me
― ― ― ― ― ― ― ― ―
Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K
Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast
X: https://x.com/BesedaPodkast
Odysee: https://odysee.com/@beseda
Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816
YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast
Telegram: https://t.me/besedapodkast
RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss
― ― ― ― ― ― ― ― ―
НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.
―
На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.
Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.