Во седумдесеттата епизода на Беседа разговараме околу тоа што е навистина наше. Ја разглобуваме идејата за собственост, за оние работи кои ги нарекуваме наши, и за оние кои се туѓи или заеднички.
Суштината е дека во стварноста само ретки нешта се навистина наши. Некои би го нарекле илузија, некои договорна ствар, но вистината е дека куќата, нивата, човекот, автомобилот, работата... кои ги сметаме за „наши“ не се наши во смисла на физичка, неразкинлива смисла. Најголемиот дел од она што го нарекуваме наше е ствар на договор, традиција, норми и обичаи. Но воедно, тоа не значи дека истите немаат вистински ефекти во стварниот свет.
Нашата цел тука е да ви укажеме на мудроста на Буда и другите духовни учители да не се врзуваме за стварите премногу, и секогаш во заднината на свеста да го оддржуваме ова спознание, кое ќе нѝ даде слобода и веселост во секојдневното живеење. Но воедно, да продолжиме да ја почитуваме идејата за собственост, без разлика дали е „илузија“, договор или што и да е друго.
― ― ― ― ― ― ― ― ―
Менторска програма Беседа, за личен и заеднички раст и развој.
Контакт: beseda-beseda@proton.me
― ― ― ― ― ― ― ― ―
Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K
Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast
X: https://x.com/BesedaPodkast
Odysee: https://odysee.com/@beseda
Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816
YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast
Telegram: https://t.me/besedapodkast
RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss
― ― ― ― ― ― ― ― ―
НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.
―
На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.
Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.