Skip to content
Opens in a new window
Беседа - LXVIII - Спонтани разговори 03 - Тестостерон, самодоверба, врвност, зрелост, комунизам
30 August 2026

Беседа - LXVIII - Спонтани разговори 03 - Тестостерон, самодоверба, врвност, зрелост, комунизам

Беседа

About

Во шеесет и осмата епизода на Беседа оставаме разговорот спонтано да нè одведе од една идеја кон друга. Почнуваме со тестостеронот и прашањето што навистина значи неговото „оптимизирање“. Дали промените што ги поврзуваме со повисоко ниво на тестостерон мора секогаш да ги бараме директно преку хормоналниот систем, или дел од нив можеме да ги поттикнеме и преку начинот на кој живееме?

Од тестостеронот, преку самодовербата, врвноста и зрелоста, па сè до комунизмот и визијата за општество засновано на повисока свест, ова е разговор во кој една тема органски се претвора во друга. Епизода без однапред зацртан пат, но со едно заедничко прашање во позадина: што се случува со човекот и општеството кога постепено го надминуваат стравот, несигурноста и потребата постојано да се докажуваат?


― ― ― ― ― ― ― ― ―


Менторска програма Беседа, за личен и заеднички раст и развој.

Контакт: beseda-beseda@proton.me


― ― ― ― ― ― ― ― ―


Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K

Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast

X: https://x.com/BesedaPodkast

Odysee: https://odysee.com/@beseda

Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816

YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast

Telegram: https://t.me/besedapodkast

RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss



― ― ― ― ― ― ― ― ―


НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:


На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.



На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.


Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.