
Во шеесет и петтата епизода на Беседа зборуваме за фундаментализмот како човечка и општествена појава што се појавува секогаш кога луѓето се соочуваат со хаос, несигурност и губење на смислата.Низ призмата на спиралната динамика, ја истражуваме потребата за ред и структура, но и го лоцираме моментот кога тие од стабилизирачка сила се претвораат во ограничување.
Разговорот започнува со идејата дека фундаментализмот не настанува од злонамерност, туку од потребата за сигурност. Кога светот станува премногу сложен и старите вредности се разнишуваат, а новите сè уште не се разбрани и созреани во човековата психа, се јавува копнеж по јасни правила и недвосмислени вистини.
Во својата здрава форма, ова создава морал, дисциплина, поредок и заедничка насока. Но кога потребата за ред ќе стане апсолутна, започнува процесот на закоравување.
Сомнежот почнува да се доживува како опасност, а различното мислење како закана. Наместо жив и динамичен однос со вистината, се создава потреба постојано да се брани некоја замрзната и веќе застарена нејзина верзија. Токму тука фундаментализмот престанува да биде љубов кон редот и станува претеран страв од промената.Фундаментализмот исто така не е само општествен феномен, туку и како внатрешна состојба. Секој човек има дел од себе што сака јасни граници и сигурност. Тој дел е неопходен за стабилност, но кога ќе стане доминантен, го затвора просторот за раст, разбирање и развој.
Наместо избор меѓу апсолутна структура и целосен релативизам, преку над-концептуалноста се појавува зрел пристап во кој принципите остануваат живи, но не се закоравени. Како што неминовно се менуваат животните услови мораме истовремено со едната нога да седиме на цврста возтановена подлога, а со другата да чекориме кон нови видици и решенија.
― ― ― ― ― ― ― ― ―
Менторска програма Беседа, за личен и заеднички раст и развој.
Контакт: beseda-beseda@proton.me
― ― ― ― ― ― ― ― ―
Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K
Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast
X: https://x.com/BesedaPodkast
Odysee: https://odysee.com/@beseda
Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816
YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast
Telegram: https://t.me/besedapodkast
RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss
― ― ― ― ― ― ― ― ―
НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.
―
На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.
Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.