
Во денешната, 64-та епизода на Беседа, разговараме на тема - гуруа.
Гуруто може да се разбере како еден вид духовен советник и учител. Ја разгледуваме функцијата на гуруто како патоказ на патот кон нашето духовно зреење.
Навлегуваме и во правилниот однос кон гурата, истовремено избегнувајќи неоснован рефлексивен скептицизам, како и идолатриско „заљубување“ во нив. Воедно, објаснуваме дека гуру не мора да биде човек. Впрочем, секое создаваштво на Бог може да представува наш гуру: од човекот на телевизија, човекот до нас, добра книга, страдание, па сѐ до секојдневното страдание кое нѐ носи кон омудрување, или некое дрво покрај реката кое нѝ ја покажува смиреноста на постоењето.
Сѐ што гуруата кажуваат треба да резонира со нас и нашата душа. Некогаш некои работи не се за нас во тој миг, па еден гуру може да нѝ е во тој момент приемчив, додека друг не.
На крајот, ние, Процесорот и Свештеникот, ги споделуваме нашите гуруа кои нѝ помогнале на патот на духовно зреење низ годините. Во нашиот список се сместуваме и еден со друг, бидејќи ние сме си меѓусебно гуруа низ ова мистично патување наречено живот.
― ― ― ― ― ― ― ― ―
Менторска програма Беседа, за личен и заеднички раст и развој.
Контакт: beseda-beseda@proton.me
― ― ― ― ― ― ― ― ―
Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K
Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast
X: https://x.com/BesedaPodkast
Odysee: https://odysee.com/@beseda
Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816
YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast
Telegram: https://t.me/besedapodkast
RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss
― ― ― ― ― ― ― ― ―
НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.
―
На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.
Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.