Беседа - LXII - За Бракот
11 March 2026

Беседа - LXII - За Бракот

Беседа

About

Во шеесет и втората епизода на Беседа се задржуваме на темата брак, како општествена институција, простор во кој два човечки света учат да живеат, да се разберат и постепено да се преобразуваат еден покрај друг.


Бракот се појавува како договор и заедничка организација на животот. Историски гледано, бракот најчесто бил структура на стабилност: економска заедница, основа за семејство и начин на преживување. Но во современиот свет од него се очекува многу повеќе – љубов, пријателство, разбирање, сигурност и личен раст.


Токму тука започнуваат и тензиите.

Се појавува идејата дека љубовта не се доживува исто кај сите луѓе. Луѓето ја препознаваат љубовта преку различни начини – зборови на потврда, квалитетно време, дела на грижа, подароци или физички допир. Често конфликтите не се појавуваат затоа што љубовта недостасува, туку затоа што се изразува на јазик што другиот не го препознава.


Бракот е огледало. Со текот на времето партнерот не ги открива само нашите доблести, туку и нашите слабости, стравови и неразрешени модели на однесување. Односот станува простор каде човекот е повикан да расте.


Зрел брак е создавање на заеднички простор во кој двајцата остануваат цели личности.


― ― ― ― ― ― ― ― ―


Менторска програма Беседа, за личен и заеднички раст и развој.

Контакт: beseda-beseda@proton.me


― ― ― ― ― ― ― ― ―


Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K

Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast

X: https://x.com/BesedaPodkast

Odysee: https://odysee.com/@beseda

Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816

YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast

Telegram: https://t.me/besedapodkast

RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss



― ― ― ― ― ― ― ― ―


НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:


На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.



На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.


Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.