
Во педесет и осмата епизода на Беседа зборуваме за понизноста како трезвена усогласеност со стварноста. Понизноста не значи да се намалиме, туку да престанеме да се преценуваме.
Тргнуваме од основното ниво, каде понизноста значи признавање на фактите, ограничувањата и сопствените грешки. Тука се гледа јасната разлика меѓу живот во грч за контрола и живот во вистината.
Потоа навлегуваме во психолошката димензија, каде гордоста (истовремено преку прикажување на себеси како повеќе или помалку од што навистина сме) се појавува како одбрана на егото, а понизноста како ослободување од внатрешниот напор постојано да се докажуваме, браниме или глумиме сила.
Зборуваме за понизноста како квалитет што ја чисти силата од суровост. Понизниот човек слуша пред да зборува, не мора секогаш да биде во право и не го користи другиот како средство за сопствено издигнување.
Духовната перспектива ја отвора понизноста како стоење пред нешто поголемо од личното „јас“ – пред вистината, пред поредокот, пред Бога. Само оној што не се смета за центар на сè може вистински да учи.
Понизноста се појавува кога исчезнува потребата да се биде „некој“. Нема повеќе споредба, позиција или докажување, туку останува тивка усогласеност со она што е.
― ― ― ― ― ― ― ― ―
Менторска програма Беседа, за личен и заеднички раст и развој.
Контакт: beseda-beseda@proton.me
― ― ― ― ― ― ― ― ―
Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K
Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast
X: https://x.com/BesedaPodkast
Odysee: https://odysee.com/@beseda
Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816
YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast
Telegram: https://t.me/besedapodkast
RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss
― ― ― ― ― ― ― ― ―
НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.
―
На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.
Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.