
Во педесет и шестата епизода на Беседа зборуваме за поимот квалитет како степен на усогласеност со некој идеал и/ли стандард.
Како што секој производ станува пофункционален и подолготраен колку што е поблиску до својот идеален модел, така и човекот станува постабилен, послободен и посмислен колку што се приближува до својот внатрешен идеал и стандард.
Тргнуваме од основното ниво, каде квалитетот значи изработка, функционалност и доследност, и ја повлекуваме паралелата со секојдневниот живот.
Од тука навлегуваме во психолошката димензија, каде квалитетот го бараме преку карактерот како внатрешна мерна единица и способноста да се издржи притисок без деградација на однесувањето.
На духовно ниво, квалитетот престанува да биде прашање на ефикасност и станува прашање на исправност. Човекот се издигнува во квалитет кога се ориентира кон принципи што го надминуваат личниот интерес.
Епизодата е повик да постанеме поквалитетни личности преку бидување похрабри и поискрени во приближувањето кон она што навистина сме.
― ― ― ― ― ― ― ― ―
Менторска програма Беседа, за личен и заеднички раст и развој.
Контакт: beseda-beseda@proton.me
― ― ― ― ― ― ― ― ―
Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K
Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast
X: https://x.com/BesedaPodkast
Odysee: https://odysee.com/@beseda
Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816
YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast
Telegram: https://t.me/besedapodkast
RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss
― ― ― ― ― ― ― ― ―
НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.
―
На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.
Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.