
Во педесет и четвртата епизода на Беседа се соочуваме со настан што ја разголува логиката на современата империјална моќ: воената агресија врз Венецуела.
Тргнуваме од фактите и од јасна, недвосмислена осуда на бомбардирањето, апсењата и кршењето на суверенитетот на една послаба држава, оправдани со јазикот на „правда“ и „ред“, но изведени како класичен чин на државен терор. Ова не го третираме како изолиран инцидент, туку како симптом.
Ја поставуваме Венецуела во поширокиот историски шаблон на империјална доминација: од Ирак и Либија, преку Сирија и Куба, до Латинска Америка како трајна зона на интервенции.
Го демаскираме наративот на „демократија преку бомби“ како континуитет на империјалната свест од Рим, преку Британската империја, до современиот униполарен поредок каде што силата се доживува како право, а отпорот како закана.
Од надконцептуална перспектива, ја разграничуваме моќта од правдата. Империјалната моќ е реактивна и кршлива, таа удира превентивно затоа што се плаши од губење контрола. Додека правдата, пак, е тивка и против-кршлива.
Зборуваме за новиот судир на парадигми: униполарна доминација и мултиполарен свет.
Империјата победува со оружје, но губи со вистината.
Вистинската сила е ранливиот, но суверен дух.
― ― ― ― ― ― ― ― ―
Менторска програма Беседа, за личен и заеднички раст и развој.
Контакт: beseda-beseda@proton.me
― ― ― ― ― ― ― ― ―
Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K
Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast
X: https://x.com/BesedaPodkast
Odysee: https://odysee.com/@beseda
Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816
YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast
Telegram: https://t.me/besedapodkast
RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss
― ― ― ― ― ― ― ― ―
НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.
―
На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.
Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.