Беседа - L - Парадигми и пресврти
15 December 2025

Беседа - L - Парадигми и пресврти

Беседа

About

Во педесеттата епизода на Беседа, преку разговорот помеѓу Пирс Морган и Ник Фуентес го отвораме прашањето за парадигмите – невидливите рамки или обрасци преку кои различни генерации и култури го „читаат“ светот. Судирот меѓу класичниот медиумски морализам и новата, иронична, радикализирана онлајн естетика го користиме како жив пример за тоа како старите и новите приказни за светот се прелеваат една во друга.

Разговараме за тоа во која насока се движи парадигмата кај младите: заморот од официјалниот дискурс и „дозволената вистина“, падот на довербата во институции, користењето на шок хуморот и екстремните ставови, и потрагата по сила, идентитет и смисла во разнебитен свет.

Во надконцептуалниот дел ги разгледуваме парадигмите како привремени приказни – карти, а не територија – и зборуваме за опасноста кога личниот идентитет се сплотува со било која идеологија, било либерална, конзервативна, или реакционерна. Од духовна перспектива, под сите политички рамки ја препознаваме истата човечка потреба: да не се живее во бесмисленост и страв, туку во достоинство и вистина.

Епизодата завршува со повик свесно да ги користиме парадигмите како алатки – додека работиме на личен интегритет, конкретна служба во светот, и способност да гледаме пошироко од сопствениот „балон“.

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Менторска програма Беседа, за личен и заеднички раст и развој.

Контакт: beseda-beseda@proton.me

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K

Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast

X: https://x.com/BesedaPodkast

Odysee: https://odysee.com/@beseda

Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816

YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast

Telegram: https://t.me/besedapodkast

RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss

― ― ― ― ― ― ― ― ―

НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.

На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.

Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.